„Ние сме во еден процес на реформа во којшто очекуваме да дадеме позитивни резултати. Туризмот е пријатна тема кога размислуваме за одмори, но туризмот има и своја политичка функција односно извоз на реклама за дестинација и рејтингот“, рече во вечерашната Топ Тема Кристијан Џамбазовски, претставник на Министерството за култура и туризам.
Според него туризмот има и една друга страна потребно е да се има сериозен пристап кон туризмот.
„Ние имаме наоѓалиште на нафта преку туризмот во Македонија, рече еднаш претседателката на здружението за туризам при Стопанската комора, па ако ги погледнете бројките во глобалната економија кои ги генерира туризмот ќе видите дека и предничи на нафтената индустрија и на автомобилската индустрија, значи е во топ три индустрии во светот“, рече тој.
Според него државите кои имаат висока додадена вредност од туризмот направиле еден добар систем и имаат максимално сериозен пристап кон туризмот, кој што овозможува механизми за одржливост.
„Јас сум ангажиран во оној реформски процес и клучно беше да видам со каква намера и посветеност се пристапува кон ова прашање од страна на владата и Министерството за култура и туризам. Има намера желба и волја да се воспостави еден продуктивен систем. Направени се досега многу чекори во воспоставување на еден функционален систем којшто би бил поврзан по вертикала и по хоризонтала“, рече Кристијан Џамбазовски, претставник на Министерството за култура и туризам.











