Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК го усвои календарот за Локалните избори 2025 – поднесување кандидатски листи до 13 септември, избори на 19 октомври

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го усвои календарот со сите изборни дејствија за Локалните избори 2025, кои беа распишани истиот ден од претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот, каде што ќе има потреба, на 2 ноември.

Рокот за поднесување на кандидатски листи до општинските изборни комисии е до 13 септември, до полноќ.

Изборната кампања за првиот круг ќе започне на 29 септември и ќе трае до 17 октомври, додека за вториот круг ќе трае до 31 октомври.

Жрепката за редоследот на листите на гласачкото ливче ќе се одржи најдоцна до 25 септември, а до 16 октомври подносителите на листи треба да достават предлози за свои овластени претставници и набљудувачи.

Избирачкиот список ќе биде на јавен увид од 23 август до 11 септември, а ќе се заклучи најдоцна до 26 септември.

Медиумите треба да се регистрираат до 12 август, а општините се должни најдоцна до 13 август да објават локации за истакнување изборни реклами.

Лицата во домашни услови, старечки домови, КПД или куќен притвор ќе гласаат еден ден пред изборите – на 18 октомври.