Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК: Излезноста на парламентарните избори е 46,93 отсто, до 17 часот гласале 470.950 лица

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Излезноста на парламентарните избори до 17 часот е 46,93 отсто, информира првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција попладнево. Податоците, како што соопшти тој, се однесуваат на 1.920 избирачки места на кои до 17 часот гласале 470.950 лица од вкупно запишани 1.003.459 гласачи.

„Најголема излезност на парламентарните избори до 17 часот е забележана во Кривогаштани – 79,73 отсто, најмала во Маврово/Ростуше – 22,93 отсто“, информира Даштевски.

Споредбено со парламентарните избори во 2020 година, како што додаде Даштевски, излезноста до 17 часот е зголемена за 8,15 отсто.

Даштевски соопшти за излезност до 17 часот и по изборни единици поединечно и, како што нагласи, е следна

  • ИЕ1 – 53,92 отсто
  • ИЕ2 – 41,83 отсто
  • ИЕ3 – 51,49 отсто
  • ИЕ4 – 48,54 отсто
  • ИЕ5 – 47,45 отсто
  • ИЕ6 – 34,71 отсто