Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК: Излезноста во четирите општини каде денеска се гласа до 11 часот е 3,32%

/

пред 266 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија соопшти дека на изборите во четирите општини, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина – Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – од вкупно запишани 128 286 гласачи на 215 избирачки места, гласале 3 553 гласачи, односно 3,32 %.

Според ДИК, во споредба со гласањето на 19-ти октомври минатата година, до 11 часот, на овие повторени избори се забележува разлика во однос на излезноста во овие општини.

Единствено во општина Врапчиште, за минимални 0,48% е зголемена излезноста, додека во Гостивар е намалена за 1,96%; во Центар Жупа за 2,61 % и во Маврово и Ростуше е намалена за 5.82%.