Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на американската агенција за трансфер на оружје поднесе оставка – смета дека не е во ред да се дава оружје само на Израел

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Директорот Агенцијата одговорна за трансфер на оружје на сојузниците на САД, поднесе оставка, пишуваат американските медиуми.

Џош Пол не се согласува со, како што рече, одлуките на администрацијата да го забрза трансферот на оружје во Израел.

Пол, кој беше директор за конгресни и јавни работи во Бирото за политичко-воени прашања на Стејт департментот,  на социјалната мрежа LinkedIn напиша:

„Не можам да работам во поддршка на збир на главно политички одлуки, вклучително и брзање со повеќе оружје на едната страна од конфликтот. Тоа ме прави кусоглед, деструктивен, неправеден и контрадикторен на самите вредности што ние јавно ги застапуваме“.

Пол објаснува дека иако ја препознал „неизмерната големина“ на нападот на Хамас врз Израел, тој исто така верува дека одговорот на Израел „само ќе доведе до повеќе и подлабоко страдање“ за Израелците и Палестинците.

Оставката на Пол доаѓа истиот ден кога Бајден, за време на посетата на Израел, вети дека ќе побара од Конгресот подоцна оваа недела „невиден пакет поддршка за одбраната на Израел“.

Сепак, претседателот најави и 100 милиони долари хуманитарна помош за палестинските територии за време на неговото патување, а тој го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги следи „законите на војната“ додека се подготвува да испрати копнени трупи во Газа.