Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на „Македонија пат“: Не постои  цистерна битумен по цена под 1000 евра

/

пред 1549 дена

Сподели преку :

Не постои  цистерна битумен по цена под 1000 евра.  Ова го тврди првиот човек на Македонија пат Ацевски,  откако опозициската ВМРО ДПМНЕ  обвини дека претпијатието  потрошило многу пари за да изврши  транспрот на овој ресурс, кој се користи за асфалтирање на патишта.  Од партијата посочија дека за истата услуга прептијатието улици и патишта на Град Скопје потрошиле многу помалку.

Од  ВМРО ДПМНЕ и денеска  обвинија  дека Македонија пат за транспорт  платиле 12 .000 евра за цистерна , или 11 000 евра повеќе од реалната вредност за тоа.

Сепак  Ацевски тврди дека фирмата која сега склучила договор  со Град Скопје, во 2015 и 2016 година кога на власт биле од редовите на ВМРО ДПМНЕ ги снабдувале Македонија пат  со битумен  по драстично  повисоки цени, од оние кои сега ги плаќа претпријатието.

Изминативе денови  од ВМРО – ДПМНЕ  постојано обвинуваат дека Македонија пат има направено криминални зделки тешки 4, 5 милиони евра. Од партијата ги повикаа и надлежните органи да го истражат случајот. Инаку,  земјава битуменот  најчесто го набавува од  Грција и Србија.

Ирена Чачкова