Директорот на затворот во Шуто Оризари, Бобан Утковски за Телма тврди дека била запазена процедурата за транспорт на затвореници до Кривичниот суд и дека Влатко Кешишев не му дал никаква писмена изјава на Љупчо Палевски Палчо, бидејќи пред да се стават во возило се претресуваат и има присуство на полицајци. Според него, не е спорно што тие се возеле заедно, се додека надлежен судија не побара поинаку да се изведува транспортот.
„Моожам одговорно да потврдам дека такво нешто не се случило, бидејќи имаме и видео запис од претресот на таквите лица“ вели Утковски.











