Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе го испита целиот случај во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.
Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите а во најкус можен рок и ќе се произјасни, се вели во соопштението.
На ваквиот потег на полицијата денеска најостро реагираа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и ЗНМ, кои освен што го осудија потегот на полицијата, побараа расветлување на случајот со оглед дека полицијата не може да повикува и да врши таков разговор со новинари за објавен текст. Според нив, ваквиот чин би можел да создаде пракса на барање на суетни административци на полициски распит да се повикуваат новинари за објавени текстови, што е неприфатливо, а што воедно би можело да води кон цензура и самоцензура кај новинарите











