Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дисциплинската постапка за обвинителите од 27 април запрена после 7 години

/

пред 770 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители ја запре дисиплинската постапка  против тројцата обвинители Златко Биковски,  Јован Цветановски и Гордана Гешковска,  за постапувањето по упадот на 27 април. Државниот обвинител го пробил рокот. Членовите едногласно  ја донесоа одлуката со образложение дека предлогот за поведување дисциплинска постпака бил ненавремен. За Гешковска се запира и затоа што е во пензија. Ова е конечна одлука која следува после 7 години од случувањата.

Казната на дисциплинската комисија за нестручно и несовесно работење беше  6 месеци по 30 посто намалена плата за обвинителите.  Овој предмет еднаш веќе беше пред советот на јавни обивнители  во 2019 . Тогашниот состав им ги прифати жалбите на обвинителите и постапката ја врати на повторно одлучување. Дисциплинската комисија донесе повторно иста одлука на која се жалеа и и обвинителите но и државниот обвинител  Јовески кој иницираше одговорност затоа што бил  незадовлен од паричната казна. Барал построга.

Причината за предолгото траење на постапката според  Димитриевска е тоа што Советот  подолг период не можел советот да обезбеди кворум. Повеќе од 1 година советот бил без двајца членови а дополнително и државниот обвинител како иницијатор на постпаката, немал право да гласа

Работата на советот вчера беше под критки на пратениците од владеачкото мнозинство додека во Собранието кои побараа и остакви од членовите додека се разгледуваше ланскиот извешај на оваа институција. Димитриеска вели имаат легитимитет.

Советот работи со 1 член помалку откако Иџет Мемети призна вина, доби условна казна и поднесе оставка до Собранието кое во наредниот период ќе треба да го пополни неговото место.

Неговата биографија се уште стои на веб страната на Советот но претседателката најави дека наскоро ќе профункционира новиот портал кој ќе биде подобро ажуриран и со повеке информации за јавноста и медиумите.

Елена Ивановска Мукоска