Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК наредна недела ќе одлучува за шефот на АНБ, Христовски

/

пред 700 дена

Сподели преку :

До Антикорупциската комисија е доставена целата документација за случајот со спорниот ТОЕФЛ сертификат на директорот на АНБ Бојан Христовски, дознава Телма. Во текот на наредната недела Антикорупциска ќе закаже јавна седница на која ќе се одлучува дали Христовски ги исполнувал условите за избор на функцијата.

Освен повеќе оспорени услови за да ја врши функцијата меѓу кои и партиската припадност на ВМРО-ДПМНЕ каде членувал до ноември лани, како најспорен излезе јазичниот сертификат ТОЕФЛ издаден од јазичен центар Јулија во Пловдив. За ист таков сертификат досега се осудени со признание за фалсификат, директорка на училиште во Скопје и директорка на болница во Дебар.

ТОЕФЕЛ сертификатот Христовски го доставил до Факултетот за бебзедност во 2022 година. За прв човек на АНБ беше назначен минатиот месец. Во меѓувреме тој се стекна и со безбедносен сертификат со пристап до класифицирани информации со статус „државна тајна“, иако од назначувањето на функцијата е под сомнеж за другиот сертификат.

Обвинителството веќе соопшти дека отворило предмет за кој се води предистрага околу сертификатот за положен испит за англиски јазик на директорот Христовски откако добило две анонимни кривични пријави. Од обвинителство велат дека се вршат проверки и обезбедување на целата потребна документација за случајот за да утврдат дали документот е лажен или не.

Од Антикорупциска велат дека обвинителството ги има механизмите и е тоа што треба да провери дали сертификатот бил валидно изваден. ДКСК е надлежна дали се запазени сите услови за тој да биде поставен за прв човек на АНБ и евентуалната концентрацијата на функциите кои досега ги извршувал.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го чека мислењето на Антикорупциска, па потоа ќе одлучува за евентуална оставка на Христовски.

Министерот за  внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека се води истрага за неколку стотина лица кои користеле лажни фалсификувани сертификати, уверенија и документи, а полицијата ќе постапува професионално и неселективно за сите за кои има индиции дека го прекршиле законот.

Марија Митевска