Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дневна евтина тарифа на струја од јули, сепак, ќе нема, проблем била промената на броилата

/

пред 1210 дена

Сподели преку :

ЕСМ е подготвен утре да ја достави понудата за цената по која ќе ја продава својата струја на тендерот на ЕВН Хоум, уверуваат од Владата. Дали ќе падне под моменталната од 56 евра за мегават час или ќе се зголеми допрва ќе се знае.

Од тоа каква ќе биде цената на државните електрани, најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните во следните шест месеци. Според информации на Телма, од јули ќе има благо,  едноцифрено зголемување на цената за граѓаните.

Иако, се очекуваше евтина дневна струја од 1 јули, сепак нема да има. Кога ќе ја добијат оваа поволност домаќинствата не се знае. Проблем била промената на броилата за кои било потребно повеќе време. Надлежните ваквата поволност ја најавуваа, речиси, два месеца, но сега виси прашањето кога ќе има два часа во денот евтина електрична енергија.