Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

/

пред 928 дена

Сподели преку :

Владата се уште не го  добила извештајот од Комисијата, за тоа кој од компаниите кои се јавија на тендерот за Универзален снабдувач ги исполнуваат условите. Министерот за економија Бектеши очекува тоа да се случи до крајот на идната недела.  За нов Универзален снабдувач на домаќинствата се понуди доставија три фирми.  Сегашниот ЕВН ХОУМ, ЕСМ  и компанијата ЕДС, фирка ќерка на грчкото државно електростопанство ППЦ.

-Има Комисија која работи во делот на евалуација на понудите и треба да достави извештај до Владата кој се уште не е доставен. Главен критериум е маржата која ќе се понуди кон државата. Го чекаме извештајот за евалуацијата од Комисијата. Верувам дека до крајот на наредната недела би требало да имаме извештај затоа што се кратки роковите и ќе ја известиме јавноста, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори.