Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доби 842 милиона долари на лотаријата „Пауербол“ во САД

/

пред 1004 дена

Сподели преку :

Жител на Мичиген, чие идентитет не е објавен, освои 842,4 милиони долари на лотаријата „Пауербол“ на 1 јануари и стана прв добитник во 2024 година.

Наградата кон крајот на минатата година порасна од 810 на 842 милиона, што е петта најголема премија на „Пауербол“ и 10-та во споредба со другите лотарии во САД, пренесува Асошиејтед прес.

Шансите за добивка на „Пауербол“ лотаријата се 1:292,2 милиона.

Добитникот на лотаријата може да бира – дали да му се исплаќаат 842,2 милиона во наредните 30 години или еднократно да му се исплатат 425,2 милиони долари. Двете суми не вклучуваат данок кој добитникот мора да го плати.

Втората награда од милион долари ја добија четири тикети од Калифорнија, од Конектикат, од Флорида и од Мериленд.

Два тика во Тексас на Флорида добија по два милиона долари.

Лотаријата „Пауербол“ се организира во 45 сојузни држави на САД, во дистриктот Колумбија, во Порторико и на Девствените острови.