Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Добиена втората тужба за кратење на платите во културата

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Синдикатот за култура на Македонија информира дека ја добиле и втората пресуда во корист на културните работници, на кои им беа скратени платите во април за 3%, со непочитување на Колективниот договор за јавен сектор.  Во објавата на Фејсбук од СКРМ велат дека низ годините покажале и докажале дека борбата за работничките права која ја водат за своето членство е секогаш основана и законска.

  • На бројните состаноци одржани во Министерството за култура, секогаш сме разговарале аргументирано, бранејќи ги правата на културните работници согласно Колективните договори и законите.Од друга страна, секогаш сме се соочувале со отпор кој се засновал на лични ставови и уверувања, без аргументирани образложенија за причината зошто така се постапува, велат од Синдикатот за култура.

Ваквите еднострани насоки за пресметка на платите, кои беа дадени во април од Министерството за култура, без да се има слух за тоа што, согласно закон го зборува синдикатот, доведе до тужби, а сега и до пресуди во корист на културните работници и СКРМ.

Од Синдикатот се надеваат дека министерот за култура Зоран Љутков конечно ќе ја признае грешката што ја направи во април 2025 година и на своите вработени и колеги ќе им го врати тоа што тогаш им го скрати. А во иднина, СКРМ нема да го гледа како противник туку како свој социјален парнер, велат во објавата од Синдикатот за култура.

Првата од 800 поднесени тужби за пресметката на платите во културата, Синдикатот ја доби на почетокот на октомври.