Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договорците во јавното здравство повторно извисени?!

/

пред 665 дена

Сподели преку :

Договорците во јавното здравство повторно извисени?! Инфективна во минус од 100 вработени. Измислени упати и лажни рецепти. Ќе порасне ли партиципацијата за здравствените услуги и за колку?

Многу отворени прашања и уште повеќе проблеми во здавство ќе ја заокружат 2024 тата и ќе се прелеат во новата година.

Над 1200 вработени со договор на дело се пред нови месеци неизвеснот. Ветениот јануари, стана март, а нема ниту гаранција дека ќе добијат постојано вработување. Нов кандидат на конкурсот, може да замени веќе ангажирани договорци?

  • „Теоретска шанса има, но станува збор генерално за средно медицински кадар, болничари, хигиеничари, не станува збор за лекари, каде што не верувам дека понудата за работна сила е толку голема да има баш избор, во најголем дел од здравствената заштита има голем недостаток на овие кадри“ изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Меѓу најкритичните со кадар е скопската Инфективна клиника. Има 100 вработени помалку, а нула интерес за специјализации во оваа област.

  • „Тој одлив се случи со Ковидот и потоа, дел заради пензионирање, делумно заради заминување и состојбата со инфектолози е критична во цела држава, има мал интерес за специјализација по инфективни болести, во повеќе болници сме оставени на пензионерите со продолжување до 67 години, и со програмата за специјализација и со мотовација на персоналот ние мора да обезбедиме ладен пого , минумум капацитети што мораме да ги имаме“ изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Освен поголема капитацијата за матичните, во најава се и повисоки трошоци за пацинетите – извесно е дека ќе порасне партиципација за здравствените услуги, но допрва ќе се пресметува, колку.

Промени ќе има и во лековите на позитивната листа. Поевтините од 100 денари ќе се тргнат и ќе се заменат со понови и поскапи лекови.

Според планот за реогрганизација во здравството, помалите центри би функционирале со дневни амбуланти, а болнички капацитети ќе има во поголемите регионални центри.

Весна Јoвановска-Дојчиновска