Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договорени се „конкретни чекори“ за ставање крај на насилствата во сириската провинција Свеида

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Договорени се „конкретни чекори“ за ставање крај на насилствата во сириската провинција Суејда, објавија САД. Но привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, ги повика сите сириски граѓани, особено друзите, на отпор против странските провокации од Израел.. Друзите бараат помош од меѓународната заедница.

„Напад врз воениот штаб на сирискиот режим во областа на Дамаск“. Ова е насловот на видеото кое го објави израелската војска тврдејќи дека го прикажува таргетирањето врз седиштето на сириското Министерство за одбрана во Дамаск. Сириските државни медиуми објавија дека се повредени најмалку 13 луѓе. За Израел овие нападите се дел од кампањата наменета за одбрана на сириското малцинство Друзи, кои се бројна заедница во Израел, со цел потиснување на исламските милитанти од нејзината граница.

Друзите пак од Голанската Висорамнина, која е под израелска контрола, провирајќи се низ дупката од граничната ограда, влегуваат во тампон зоната меѓу Израел и Сирија. Ова доаѓа откако сириските владини претставници и лидерите на религиозното малцинство Друзи повторно објавија прекин на огнот по неколкудневните судири кои се заканија да ја нарушат повоената политичка транзиција на земјата и предизвикаа воена интервенција од страна на моќниот сосед Израел. Ескалацијата во Сирија започна со киднапирања и напади од типот „око за око“ меѓу локалните сунитски бедуински племиња и вооружените фракции на Друзите во јужната покраина Свеида.

  • „Имам многу големо семејство таму (во Свеида), тие многу страдаа таму. Тие беа убиени и тешко ни е да стоиме тука, без да преземеме нешто“ – Маџд Шаер, локален жител.
  • „Апелираме до светот да ни помогне и да ја повика владата, ако можеме да ја наречеме влада, да ги запре тие терористички напади врз нашиот народ. И да, затоа сме тука на границата за да го испратиме нашиот глас низ целиот свет за да ги запреме овие убиства и убиства врз нашиот народ во Сирија“ – Јосеф Дабус, локален жител.

САД соопштија дека се договорени „конкретни чекори“ за ставање крај на насилствата во сириската провинција Суејда, каде од неделата досега загинаа повеќе од 350 луѓе во судирите меѓу милиции на друзите и бедуински племиња. ОН потсетуваат дека примирјата често беа игнорирани. А привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, изјави дека Израел нема да успее да ја подели земјата и ги повика сите сириски граѓани, особено друзите, на единство и отпор против странските провокации.

Друзите формираат значителна заедница во Израел, како во Сирија, така и во Израел се сметаат за лојално малцинство, кое често служи во војската. Поголемиот дел од другите Друзи живеат во Либан и Израел, вклучително и во Голанската Висорамнина, која Израел ја зазеде од Сирија во Блискоисточната војна во 1967 година и ја анектираше во 1981 година.

Билјана Ставрова