Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договорот за коридорите пред пратеници на затворена седница, опозицијата треба да предложи датум и надлежна комисија

/

пред 1267 дена

Сподели преку :

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска одржа редовна координација со координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии претставени во Собранието, на чиј дневен ред, како што информираат од собраниската прес-служба било и претставувањето на Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д пред пратениците во Собранието.

Ставот на присутните на координацијата е дека, со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а опозицијата не присуствува на координација; опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница, пратениците ќе се изјаснат за затворање на седницата за јавноста, се вели во соопштението од координација во Собранието.

Со оглед на тоа што Договорот е класифициран, односно само пратениците кои се носители на безбедносен сертификат имаат увид во неговата содржина, според соопштението, Договорот ќе се разгледува на седница на Комисија која ќе биде затворена за јавноста и на неа ќе присуствуваат само пратениците кои имаат безбедносни сертификати.