Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дојави за бомби во седум скопски училишта

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи за Телма потврди дека утрово во 9 часот и 30 минути повторно добиле пријава за дојави за бомби во седум скопски училишта во Скопје меѓу нив и во гимназијата Никола Карев.

Полициски службеници веднаш излегле на терен и се преземаат сите безбедносни мерки за безбедна евакуација и проверка на објектите. На терен се и екипи на антитерористичките служби.

Ова е осми по ред ваков случај, а до сега надлежните не успеаа да лоцираа виновник. Родители реагираа до редакцијата на Телма. Велат дека мора да се работи на итно расчистување на случајот бидејќи се жалат децата трпат и притисок и страв но до сега изгубиле и голем дел од наставата.

Претходно МВР повика едно лице на информативен разговор како осомничено за испраќање на ваквите дојави, но истото беше пуштено на слобода.

Информациите до сега говорат дека според IP адресите ваквите закани се испраќаат од земји од странство, а случаите се повторуваат на ист начин со испраќање на закани преку електронски пораки на официјалните електронски адреси на училиштата

Според дел од експертите има две објаснувања зошто се прави ова, едно е да се предизвика економска штета на државата, а второто е да се влее недоверба во институциите.

Согласни се дека станува збор за хибридна војна.