Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дојави за поставени бомби во училиштата низ Македонија, и Основниот суд во Охрид

/

пред 1332 дена

Сподели преку :

Незапочнат денот, учениците се враќаат дома. Нови дојави за бомби ги извлекоа од клупите учениците. Од МВР потврдија, закани за поставени бомби преку електронска пошта добиле скопските училишта „Никола Карев“, „Лазо Ангеловски“, „Александар Македонски“ , ОУ. „Браќа Миладиновци“, односно вкупно 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп.

Според последните препораки на МОН, во училиштата каде ќе има дојава за бомба, учениците треба во рок од еден час да се вклучат на онлајн настава.

Освен во овие училишта утрово нешто пред осум часот било пријавено дека и во Основниот суд Охрид стигнала закана за поставена бомба.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.