Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Долго време се реконструира улица во Тетово

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Ова е улицата „Борис Кидрич“ чија реконструкција во булеварска делница треба да придонесе да Тетово да има нова позначајна сообраќајна артерија, но градежните работи за тие 350 метри траат веќе десетти месец.

Граѓаните се револтирани што оваа состојба, односно изведувањето на градежните работи траат многу време – уште од октомври минатата 2024 година па досега. Поради ова тешко може да се поминува низ овој дел од градот и со возила и пешки. Особено е проблематично за станарите на оваа улица поради што до домовите не можат да пристапат со автомобилите, а треба да се снаоѓаат и за паркирање.

„Па тешко е многу. Еве да речеме јас за да излезам од тука треба да вртам цел круг околу плоштад па да слезам наваму. Инаку нагоре не сме, едносмерна е. Треба побргу да се направи. Ама што да правиме, тоа е, вели жител на Тетово.

Општината има склучено два договори со фирма за изведба на градежните работи, при што вториот е со рок до 7 август. Тетовскиот градоначалник Биљал Касами смета дека проблемот е кај изведувачот на градежниот потфат и дека нема да се сработи навремено. Вели дека побарал од вработените во администрацијата да преземат правни дејствија против фирмата.

„Се извинувам на сите граѓани што не успеавме да го реализираме тоа што последното време го ветивме во делот на „Борис Кидрич“. Тоа е поради тоа што операторот кој го има тендерот, не успеаа да ги реализира работите согласно договорот. Дадено е на службите да преземат соодветни правни мерки за тоа што е направено како пропуст, да се исправи во иднина. Ние како можност да ние на такви оператори да ставиме прибелешка за да не можат да се појават на следните тендери, затоа со што се оценуваат како несериозни партнери“, Изјави Биљал Касами градоначалник на Тетово.

Оваа нова булеварска делница, според идејниот проект има невообичаено решение за шеталиште – кое треба да биде во средината односно помеѓу двете коловозни ленти.  

Александар Самарџеиев