Долгот на „Комуналец“ од Гостивар е пропуст на претпријатието во финансиската евиденција, соопшти попладнево поранешниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари по информациите дека заклучно со 30 јуни, претпријатието има долг од над шест милијарди денари.
Таравари вели дека вистинската сума на долгот на „Комуналец“ е 222.789.109 милиони денари, а не шест милијарди денари.
„Секторот за финансии ја поправи грешката и ќе се погрижи да не се случуваат такви грешки во иднина“, пишува Таравари.











