ДОМ достави официјален допис до министерството за животна средина и просторно планирање, во очекување на објавата за јавна расправа по новото барање за обновување на а-интегрираната еколошка дозвола на „Титан Усје“.
Дом бара јасни, обврзувачки и законски дефинирани стандарди, сметаат дека одредбите кои дозволуваат одредени информации да бидат прогласени за „деловна тајна“ можат да ја ограничат транспарентноста и јавниот увид во податоците за штетни емисиите..
Дом бара „Титан Усје“ да биде обврзан- на „нула“ емисии во рок од 6 месеци, преку инсталација на филтри од последна генерација, 24/7 јавен дигитален мониторинг со податоци во живо на веб-страницата на министерството и на јавни екрани во општина кисела вода, како и воведување системи за вбризгување активен јаглен и соодветни филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните.











