Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Донбаскиот регион целосно уништен, Херсон полека станува дел од Русија

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Ситуацијата во Донбас е „пекол“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој зборува за целосно разурнат регион.

Руските сили, според украинскиот претседател целосно го уништиле источниот регион Донбас. Во својата ноќна видео порака, Зеленски ја обвини Москва дека бесмислено бомбардира додека офанзивата се интензивира. „Во Донбас, окупаторите се обидуваат да го зголемат притисокот. Таму е пекол и ова не е претерување“, додаде Зеленски.

Во меѓувреме, окупираниот регион Херсон во јужна Украина, полека станува дел од Русија, изјави новиот гувернер Володимир Салдо, назначен од Русија. Тој вели дека регионот наскоро целосно ќе се интегрира во Русија.

Неговиот заменик, Кирил Стремоушов напиша оти жителите ќе можат да аплицираат за руско државјанство наредните недели, кога ситуацијата ќе се стабилизира.

Украински официјални лица неколкупати предупредија дека Москва планира лажен референдум за независност во регионот, како и на други места.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно месецов изјави дека, иднината на регионот, зависи од волјата на жителите.