Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доживотен затвор за обвинетиот за убиството кај Мавровка

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Доживотен затвор доби 40 годишниот Елвин Куртовиќ за убиството на скопскиот бизнисмен Васил Ефтимов на 20 август минатата година на паркингот кај Мавровка.

Признанието на вина и каењето за убиството на претходното рочиште не му помогна на Кутовиќ да добие помала казна, кој има дебело досие и неколку пресуди за тешка кражба, кражба, нелегално носење на оружје.

Судијката Моника Бахчовановска, пред да ја изрече пресудата го прочита психијатриското вештачење на обвинетиот. Од својата 18 година имал трајно дисоцијално однесување и не бил заинтересиран за чувствата на другите лица и за почитување на социјалните норми.

На денот на убиството имал уредно психичко здравје и бил пресметлив. За судијката не беше прифатливо оправдувањето дека неколку дена и за време на убистото бил под дејство на кокаин.

Елвин во таа состојба сте се довеле самите себе си. Тоа не значи дека од судот вашата кривична одговорност треба да биде намалена или избегната. Во никој случај, рече судијката моника бахчовановска.

А за наводите на неговата одбрана дека државата направила пропуст бидејќи не го ресоцијализирала Кутовиќ и дека убиството немало да го изврши доколку полицијата го пронашла, бидејќи бил во бегство од Идризово на критичниот ден, судијката Бахчовановска оцени дека ниту една институција не може да биде одговрна за дејствија на поединец.

Склони сте да напаѓате и наоѓате други виновници. За повеќе да не се доведеме во таква ситуација Основниот кривичен суд Скопје денеска ја носи пресудата врз основа на признание на вина. Овој суд ве осудува на казна доживотен затвор, рече судијката.

Куртовиќ останува во притвор до правосилност на пресудата. Ефтимов беше убиен среде бел ден, со куршум во градите. Куртовиќ кој притоа од сопругата на жртвата одземал лап топ и гајба со алат од гепекот на нивниот автомобил при бегството пукаше и кон полицајците кои подоцна го приведоа.

Марија Митевска