Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доживотен затвор за убиецот кој заради користољубие со тесла го уби братот на неговиот роденден

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Основниот суд во Кавадарци го осуди денеска 43-годишниот С.И на казна доживотен затвор за убиство на својот помлад брат, Илија Иванов.

Тој на 27-ми јули годинава го усмртил братот и тоа на неговиот роденден. Тие  започнале расправа на тој ден, затоа што обвинетиот верувал дека неговиот брат сакал да го преземе целиот имот.

Воден од чувства на гнев и омраза, обвинетиот и сега веќе осуден кавадарчанец со тапиот, метален дел од тесла го удрил братот во главата а откако тој паднал, уште два пати силно го удрил, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди, соопшти обвинителството.

Откако го извршил убиството, обвинетиот си заминал а следниот ден се вратил во домот на жртвата и телото го префрлил во бањата. Следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото,  ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.

Во периодот од 30 -ти јули до 5-ти август, кога било откриено телото, обвинетиот и во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.

Обвинението било поднесено на 28-ми октомври, а обвинетиот во целост го признал делото, како што било наведено во обвинителниот акт.