Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дрога, подведување и малтретирање- мафија стои позади децата питачи на скопските улици, тврди невладината Градиме иднина

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Ги гледаме речиси секојдневно на семафори,плоштади и булевари. Ги има околу 18.700 луѓе во Македонија кои питачат, а 2000 од нив се деца. Ги организира мафија која од нив заработува милионски суми, некои од нив се и претепувани а девојчињата злоупотребувани за сексулани услуги, тврди Илија Јовановиќ од невладината Градиме иднина Скопје . На денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири побарал овие деца да бидат исклучени од улиците и вратени во школските клупи.

„Ова е голема мафија, голем организатор има некој кој што стои. На годишно 14 милиони евра се прави профит од оваа заработувачка. Не знаеме каде тие пари идат и што со тие пари се случува само имаме информација дека организаторите живеат луксузен живот на нивни грб дури и три деца имаат претепано до смрт да им ги земат парите каде што едно дете секојдневно што питачи во осум работни часа детето профитира од питачење од 3000-5000 денари за една смена за едно дете зборуваме“ вели Илија Јовановиќ организатор на „Стоп и злоупотреба на питачењето“.

Министерката за труд Јована Тренчевска не е запознаена со овие тврдења на Јовановиќ дека децата се злоупотребуваат за пари. Тврди дека интервентни тимови се на терен и ја намалиле бројката на деца кои питачат.

„Немам такви информации. Пред да дојде зимскиот период наредните месец два ќе работиме на поголема присутност на тимовите на оние место кои што се најфрекфентни каде што често ги среќаваме децата на улица“, вели Јована Тренчевска министерка за труд и социјална политика.

Јовановиќ смета дека децата треба да бидат под постојан надзор од надлежните и побара од граѓаните да не им даваат пари на питачите за да се откажат од питачењето. Телма објави сторија во кое деветгодишно дете сместено во згрижувачки дом во Скопје питачи, а надлежните не открија дали добило нов старател и како ќе спречат да не се врати на улиците.

Симона Петровска