Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Друштвото на филмски работници на Македонија по осми пат ги додели почесните награди „ Златна рамка“

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Друштвото на филмски работници на Македонија по осми пат ги додели почесните награди „ Златна рамка“, за кои одлучуваше неговиот Управен одбор. Наградата „Златна рамка за актер“, ја доби Владо Јовановски, за неговата посветеност кон актерската професија, уметнички интегритет и исклучителниот придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот филм и театар.

„Златната рамка за автор“, заврши во рацете на костимографот Роза Трајческа – Ристовска, која во текот на кариерата создаде препознатлив визуелен израз во бројни домашни и меѓународни филмски, телевизиски и театарски проекти.

„Златната рамка за филмски работник“, ја освои Димитар Јакимовски, кој со децении е дел од македонската филмска индустрија во секторот сценографија, придонесувајќи кон реализацијата на бројни домашни и меѓународни продукции.

Друштвото на филмски работници за прв пат додели Специјална награда „Златна рамка за особен придонес кон Друштвото и кон развојот на македонската кинематографија“. Добитник е  пензионираниот професор по камера на Факултетот за драмски уметности, Апостол Трпески, за неговата посветеност, визија и неуморен ангажман во развојот на македонскиот филм.