Од Државен пазарен инспекторат информираат дека направиле контроли во повеќе од 40 ноќни клубови, дискотеки и кабареа. Во акцијата која се одвива низ целата држава вклучени се повеќе институции.
Од ДПИ за Телма велат дека повеќе информации ќе дадат по владината седница закажана за 12 часот каде ќе ги презентираат информациите.











