Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државиот секрeтар на САД најверојатно доаѓа во Македонија на министерскиот состанок на ОБСЕ

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Државиот секертар на САД Ентони Блинкен најверојатно доаѓа во Македонија на министерскиот состанок на ОБСЕ. Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер, денеска изјави дека го очекува тоа иако во овој момент не може да се дада најава за тоа. За тоа која е позицијата на Вашингтон за барањето на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје, Карпентер со став дека Советот на министри на ОБСЕ ги инволвира сите 57 земји-членки.

„Јасно е дека ниту еден министер нема да го пречека Сергеј Лавров со отворени раце. Тоа што Русија и го направи на Украина е апсолутно ужасно. Комисијата за воени злосторства и злосторстава против човештвото го проблематизираше учеството на г-динот Лавров во голем број на делегации. Тоа останува така. Но на крајот од денот оваа Организација е инклузивна и има 57 земји-членки“, вели Карпентер.

Ставот на Карпентер е дека деблокирањето на ОБСЕ без добра волја за тоа од Русија донекаде е можна. Според него по многу прашања под претседавањето на Македонија, но и претходно на Полска се покажало дека по многу прашања бил потребен консензус бидејќи така функционира Организацијата, но по многу други прашања најден е креативен начин да се заобиколи консензусот.

„Зависно од прашањето ние можеме да најдеме начин да ја заобиколиме Русија кога Русија ја попречува работата на Организацијата. Во друг случај ќе мора да се постигне консензус“, изјави Карпентер.

Една од руски блокадите во ОБСЕ е и изборот на наследник на  генерален секретар на Организацијата, Хелга Шмид, чиј мандат истекува на 4 декември, но и на Високите претставници за малцинства и за слобода на медиумите, но и првиот човек на ОДИХР. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги изнесе можните сценарија како може да се надмине тоа.

„Сега поради руската агресија на Украина нивото на доверба е на нула и не може да се постигне ниту една одлука. Ние предложивме едно друго решение – да се продолжи мандатот уште една година на актуелната четворка, додека не се сменат динамиките во ОБСЕ, да се врати довербата, па потоа да го отворам конкурсот. За сега Руската Федерација се уште се противи. Скоро добив писмо во коешто они бараат да се отвори конкурсот за да се кандидираат. Меѓутоа знаејќи ги динамиките сигурен сум дека во моментов не сме подготвени за консензус. И затоа ќе притиснам до последен момент да обезбедиме едногодишо продолжување на мандатот“, вели Османи.

За можноста да се направи внатрешна реформа на ОБСЕ, со цел во иднина да не се повторуваат вакви ситуации една држава да може да ја блокира работата на Организацијата, Османи со став дека сега во услови на немање доверба меѓу самите членки на Организациијата тешко би било да се отпочне таков процес и да се менува правилотот на консензуално носење одлуки. Османи излезот го гледа во компромис меѓу сите страни, поточно дека никој не може да добие се, туку земјите-членки мора да се најдат некаде на средина со своите барања.

Османи и денеска повтори дека се надева дека во Скопје ќе се соберат сите министри за надворшени работи на членките на ОБСЕ за да можат да се донесат клучните одлуки за опстанокот на Организацијата.

Тамара Грнчароска