Со победа во 18 изборни циклуси, крајот на политичката кариера на Али Ахмети, не е на повидок, сметаат од неговата партија. По повикот од коалицијата „Вреди„, писмено да гарантира дека ќе се повлече од политиката ако изгуби на избори, велат дека ќе го стори тоа, но убедени се дека изборен пораз нема да му се случи.
За „Вреди„, пак, сите овие изјави на ДУИ се дефокус од распадот на таканаречениот „Европски фронт„.
Од оваа коалиција сметаат дека, наместо предвремени избори, сега е идеално време за одговорност за досегашното лошо владеење. И министерот од нивните редови, Орхан Муртезани, во синоќешната Топ тема на „Телма„ рече дека, нема причина за избори во ситуација кога владата е стабилна и има речиси двотретинско мнозинство.
Калкулациите почнаа по полемиката меѓу Мицкоски и Филипче на седницата за пратенички прашања, во која премиерот на критиките возврати со понуда да си го измерат рејтингот на предвремени избори следната есен, а опозицијата го прифати предизвикот.
Далиборка Демјанска











