Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска попладне ќе одржи средба со трговците, производителите и дистрибутерите на храна, на која главна тема ќе бидат покачувањата на цените на прехранбените производи.
Министерот порача дека ова е последно укажување до бизнис-секторот да постапува одговорно.
Доколку не се запре со трендот на поскапувања, Владата ќе воведе ригорозни мерки за заштита на потрошувачите.
„Ова е крајна опомена. Ако продолжат како досега, ќе преземеме остри чекори. Самата покана на средба е сигнал дека подготвуваме мерки“, изјави Дурмиши, по денешната прес-конференцијата за промоција на училишната кошничка.











