Два месеца преку интернет продавал билети за непостоечки концерт и не ги рефундирал средствата на лицата. Против 25-годишен скопјанец, како одговорно лице на компанија за организација на музички настани, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „компјутерска измама“, информираат од министерството за внатрешни работи (МВР). Билетите, како што ги продавал во периодот од 4 април до 13 јуни 2025 година.
„Како одговорно лице на компанија што организира музички настани, преку веб-страница овозможил електронско купување на билети за концерт што воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување. Со тоа ги довел лицата во заблуда да купат билети и притоа не ги рефундирал парите“, се наведува во извештајот на МВР.
Како што посочија од МВР, Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, со цел да превенира повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширењее расистички и ксенофобичен материјал.











