Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца студенти од Тетово измислија апарат за мерење на квалитетот на почвата

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Поттикнати од фактот дека земјоделието како сектор, се соочува со многу проблеми, како на локално, така и на глобално ниво, двајца студенти од Тетово создале платформа преку која се добиваат препораки за високи и квалитетни приноси. Преку уредот, кој се поставува на земјоделската површина, на одреден временски интервал се врши отчитување на вредностите на неколку параметри на почвата.

Самиот систем е енергетски одржлив и може да се постави каде било, без приклучок на електрична енергија. Инаку овој апарат е универзален, па може да се користи и во превенција на несакани природни непогоди.

Идејата ја добиле за време на пандемијата, кога имале повеќе слободно време. Поддршка добиле најпрво од европските фондови за иновации, а во октомври минатата година основале и фирма со помош на мерките на Агенцијата за вработување.

Данијела Билбилоска