Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор – извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Нова трансплантација на органи од починат донор на хируршките клиники, информираат од министерството за здравство (МЗ). Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, соопштија од МЗ.
„Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи. Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот.