Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца вработени на УНХЦР се убиени во израелските напади врз Либан

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска потврди дека двајца нејзини вработени биле убиени во израелските напади врз Либан.

  • УНХЦР е жали поради загубата на нашите колеги и изразуваме длабоко сочувство до нивните семејства и најблиски“, се вели во соопштението.

Израелската војска објави дека го убила Ибрахим Мухамед Кабиси, командант на ракетните сили на Хезболах, во воздушен напад врз Бејрут.

Според армијата, тој загинал заедно со другите команданти на тие сили.

Кабиси се приклучи на Хезболах во 1980-тите и имаше неколку важни воени улоги во организацијата. Тој беше одговорен за планирање и извршување на многу напади врз израелски цивили и војници, соопшти израелската војска.

Во објава на Телеграм, Хезболах објави дека ја користел новата ракета Фади 3 во напад на израелска воена база.