Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца загинати, 26 повредени – експлозија во зграда во Кина, причина истекување на гас

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Две лица загинаа, 26 се повредени во експлозија во зграда во северна Кина што е предизвикана од истекување на гас, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случила рано утрово во продавница за пилешка храна во градот Санхе што се наоѓа на еден час возење западно од Пекинг.

Полицијата ги затвори улиците на километар и половина од местото на експлозијата. На терен излегле противпожарни возила, а на снимките може да се забележи камион како извлекува едно изгорено возило. Во гаснењето на огнот учествуваа над 150 пожарникари.

Спасувачките операции се во тек и отворена е истрага за причините за експлозијата.