Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две евра за доближување до Фонтана ди Треви – Рим воведува билети за туристите од 1 февруари

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери денеска објави дека туристите во градот од 1 февруари во 2026 година ќе мора да платат две евра за билети за да се доближат до познатата Фонтана ди Треви.

Според него, меѓу 1 јануари и 8 декември оваа година, девет милиони туристи ја посетиле Фонтана ди Треви и оти одлуката е дел од стратегија што ја преземаат за да помогнат во справување со прекумерниот туризам.

Жителите на Рим и неговата област нема да плаќаат за билет.

Канцеларијата на градоначалникот се надева дека градот ќе прибере 6,5 милиони евра годишно приходи од билетите за фонтаната и пет други културни места. Градските власти додаваат дека приходите ќе се користат за одржување на културните богатства на Рим и нови техники за справување со прекумерниот туризам.

Службениците изјавија дека билетите ќе се продаваат преку интернет и кај продавачите на билети на фонтаната.