Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две илјади амандмани од Левица го заглавија новиот собраниски деловник

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Околу две илјади амандмани од Левица го заглавија новиот собраниски деловник. Комисиската седница која беше закажана за денеска, четири пати се одложуваше додека претседателот на Собранието се обидуваше да ги разубеди опозициските пратеници да ги повлечат амандманите.

Една од најголемите забелешки на оваа партија за новите собраниски правила за работа е дека се укинува „филибастерингот„, односно можноста за блокада на законските решенија, бидејќи амандманската расправа за Законите во редовна постапка е ограничена на пет дена.

Инсистираат да се прифатат барем нивните суштински амандмани кои се однесуваат на референдумското изјаснување и проширување на наделжностите на собранискиот претседател, за кои велат дека имаат црвени линии преку кои нема да поминат.

Џафери вчера на средба со новинарите рече дека околу 30 амандмани, меѓу кои има и од него самиот, како и од владејачките партии, се усогласени и се надева дека Деловникот ќе помине.