Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица го загубија животот во директен судир на две возила на патниот правец Прилеп – Росоман

/

пред 346 дена

Сподели преку :

Трагична сообраќајна несреќа се случи попладнево меѓу две патнички возила, на патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил.

Две лица го загубиле животот при директниот судир на автомобилите, кој се случил при претекнување.

Во сообраќајната несреќа повредени се пет лица , од кои три се пренесени во болницата во Прилеп а две во болницата во Кавадарци.

Дежурен обвинител од ЈО Прилеп извршил увид на местото на настанот и издал наредби за прибирање на траги и докази, како и изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата кои учествувале во несреќата.