Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица од Демир Капија грабнале неготинец за да го присилат да каже дека ја силувал сопругата на едниот од нив

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, се осомничени за грабнување, откако Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истражна постапка против нив. Двајца осомничени го грабнале неготинецот со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Соизвршителот 30 годишен маж од истото село во текот на грабнувањето користел пиштол кој го репетирал и со него ѝ се заканувал на жртвата.

Според информациите, настанот се случил на 12 април. Лицето го киднапирале од дворот на неговиот дом во Неготино и со автомобил по стариот пат го однеле кон Демир Капија. За време на грабнувањето му ставиле црна ќеса за да не знае каде го носат, му се заканувале и физички го нападнале.

Случајот бил пријавен откако оштетениот успеал да испрати порака до полицијата, а сведоци го забележале настанот. Полицијата ги идентификувала осомничените, кои подоцна сами го однеле лицето во полициска станица во Неготино.

Делото за кое се товарат осомничените спаѓа во тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, па поради опасност од бегство или повторување на делото, судија на претходна постапка достави предлогза определување мерка притовр за двајцата.

Сузана Мицева