Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица осомничени за свирепо убиство во Неготино

/

пред 301 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство во Гостивар покрена истражна постапка против две лица осомничени за убиството на Хава Азизи од селото Здуње. Осомничените, како соизвршители, на 7 декември ја однеле жртвата од пред нејзиниот дом во куќата на осомничените, каде настанала расправија и потоа осомничениот ја убил со огнено оружје.

По убиството, телото било внесено во автомобил, однесено во атарот на селото Неготино, каде било спуштено во ископана дупка, запалено и покриено со земја и предмети. Осомничената го донела пиштолот, додека мажот го испукал куршумот.

Јавниот обвинител достави предлог до судот за определување мерка притвор за двајцата осомничени, додека продолжува истрагата.