Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Две лица починаа во тешката сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

„Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската болница“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Според првичните информации, несреќата се случила на три километри на влезот пред Гостивар во близина на неколку угостителски објекти. Поради сообраќајната несреќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево, сообраќајот беше во целосен прекин.