Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две од повредените деца во нападот со нож во Англија починаа, повредени уште девет од кои шест се критично

/

пред 814 дена

Сподели преку :

Две од повредените деца во нападот со нож во Саутпорт, во северозападна Англија, починаа, објавија попладнево полицијата. Уште девет деца се повредени од кои шест се критично, како и две возрасни лица. Полицијата во Мерсисајд дека осомничниот за нападот е уапсен и оти станува збор за 17-годишно момче кај кого бил пронајден и ножот.

Полицијата соошти дека мотивот за нападот засега е непознат, дека не е поврзан со тероризам и оти напаѓачот немал помош.

Нападот се случил околу 12:50 часот по средноевропско време, во двор на детски клуб, каде се одржувал час по танц и јога. Напаѓачот бил веднаш уапсен и кај него е пронајден нож.

Сопственик на сервис во улицата во која се случил нападот и кој прв ја повикал полицијата, пред медиумите раскажа дека глетката била како во хорор филмовите. Според него, мета на нападот биле девојчиња.

Сведоци изјавија дека децата биле избодени насекаде по телата. Жртвите, според нив, биле на возраст од околу 10 години.

Најмалку осум лица избодени со нож, уапсен тинејџер – хорор за време на час по танц и јога во Англија