Лукав е потегот на пратениците од власта да предложат , па да ги повлечат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, чии критериуми предвидуваа кратење на правото за аплицирање на студентите кои земаат стипендии, апсолвентите и оние чии семејства заработуваат месечно повисоки плати од минималната.
Затоа утре ќе протестираме пред Собранието, велат од движењето „ Студентски отпор“, кои до власта ќе испорачаат и други барања.
Додака пред Собранието ќе се протестира,внатре ќе се одржи средба меѓу претставници од студентските тела, пратениците и надлежните од МОН за изнаоѓање ново решение за Законот за студентски оброк.











