Без наука за литературата за деца не може да се очекува да се гради соодветна критика за се поголемата експанзија на ваква литература. Но, професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Весна Мојсова-Чепишевска, смета дека ќе мора да се угледаме на некои добри практики од минатото, кога имало посериозна ккнижевна критика, бидејќи големата продукција значи и многу несоодветна литература за деца.
Книжевноста за деца, особено книжевното творештво на Видое Подогрец се во фокусот на дводневниот Меѓународен научен симпозиум под насловот „Локалните културни обележја како топоси во книжевноста за деца“ се одржува во Струмица. Организаторите велат дека целта е да се најде врската помеѓу книжевноста за деца, локалните културни обележја и нивната поврзаност при градењето на книжевното дело, но и нивната важност при градењето на културниот туризам.
НА научниот симпоизум учествуваат триесеттина научници, книжевници и истражувачи од земјава и странство.
Сузана Мицева











