Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗР утврди неправилности во работење на Министерството за економија и труд – за прекршочни предмети и неуплатени над 2 милиони евра во Буџетот

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во работењето на Министерството за економија и труд за 2024 година, вклучувајќи застарени прекршочни предмети и неуплатени средства во државниот буџет од над 2 милиони евра.

Поради застареност, донесени се над 1.500 решенија за запирање на постапки, што директно влијаело на намалени буџетски приходи. Ревизијата открива и слабости во ИТ безбедноста, при што Министерството било цел на таргетиран ИТ напад во септември 2024 година, со целосно губење на дел од податоците.

ИТ секторот функционирал со само 25 отсто од предвидениот кадар, без политики за информациска безбедност и со користење застарени системи. Дополнително, во извештајот на ревизорите утврдени се пропусти во јавните набавки и во процесот на издавање лиценци и категоризација на угостителските објекти, без целосни контроли и навремен инспекциски надзор.

Ревизијата даде препораки за отстранување на недостатоците, а надлежните институции се задолжени да преземат мерки за нивна имплементација.