Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗР утврди низа неправилности во работењето на ПИОМ

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Наплатените придонеси од плата не биле доволни за покривање на дефицитот од 33% за исплата на пензии во 2023 година утврди ревизијата на Државниот завод за ревизија спроведена во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Ревизорите откриле слабости во финансиското управување, вклучувајќи нецелосно евидентирање на имот, проблеми со пописот на средства, и недостаток на контрола при ангажирање на работници.

Иако приходите од придонеси се зголемени за 13% во споредба со 2022 година, тие и понатаму не се доволни за покривање на расходите за пензии, се вели во конечниот извештај.

Воедно е утврдено дека Фондот не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акцизи и целосноста на наплатените приходи по овој основ, на сметката за уплата и распределба на придонеси на крајот на секоја година остануваат парични средства за кои дел се неидентификувани уплати на придонес и за истите не се создадени можности да се користат за исплата на пензии.

Дополнително, ДЗР забележува слабости во постапките за јавни набавки и кадровски недостатоци.