Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден од сведоците на рочиштето за убиството на Вања и Панче не дојде во судот – добил паничен напад

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Добил паничен напад пред денешното рочиште, па не се појави во судница. Гоце Трајковски, кој заедно со Александар Ѓорчевски, водел паралелена истрага за пронаоѓање на Вања, не беше присутен на денешното рочиште.

Неговото отсуство пред присутните го правдаше неговата мајка Кираца Трајковска која денеска, исто така, се појави во својство на сведок. Таа пред судот изјави дека нејзиниот син пред денешното рочиште имал здравствени проблеми, висок крвен притисок, па не бил во можност да присуствува.

На денешното продолжение од судскиот процес, прв сведочеше Зоран Ѓорчевски, таткото на Александар, кој потврди дека Трајковски учествувал во истрагата и дека во моментот на грабнувањето на Вања, неговиот син не работел, но дека никогаш немал проблем со долгови.

Рече дека неговиот син бил зависник, но дека се излечил пред да се ожени. Зоран Ѓорчевски истакна дека неговата фамилија му помагала финансиски во тој период.

Неговата мајка, Иванка Ѓорчевски, која исто така, сведочеше, раскажа за првиот повик што Александар го добил од Зорица на 27 ноември, кога била грабната Вања.

Според неа, Александар брзо излегол, откако дознал дека Вања ја нема на училиште. Никој од нив не го познавал првообвинетиот Љупчо Палевски. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Шест сведоци на денешното рочиште за случајот со убиството на Вања и Панче