Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден загинат, двајца исчезнати – рударска несреќа во Словенија

/

пред 637 дена

Сподели преку :

Еден загинат, двајца исчезнати е билансот на рударската несреќа во Словенија.

Рудникот за јаглен во Велење денеска е затворен.

Во тек се работи на отстранување на 500 до 700 кубни метри материјал што се урнал за да се стигне до двајцата рудари кои се водат како исчезнати.

„Додека се надеваме на најдоброто, стравуваме од најлошото“, рече директорот на рудникот, Марко Мавец.

Преостанатите 11 рудари кои успеале да побегнат, не се физички повредени и пружена им е психолошка поддршка.

Првите индиции говорат дека причина за несреќата е пробивање на водоносен слој врз геолошкиот кој не можел да се предвиди, додаде Мавец.