Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Една недела по кражбата на масло од канабис од „5 Летерс“, осомничени нема

/

пред 1621 дена

Сподели преку :

Кој провали во магацинот на „5 летерс“ во крушевското село Алдинци и покрај две фирми за кои го обезбедуваат капацитетот каде се сместени објектите и однесе масло од канабис вредно над два милиони евра и по една недела останува отворено прашање. Надлежните немаат осомничени лица а во јавноста не излегоа со прецизна информација околку пленот на крадецот или крадците. Она што е познато е дека се украдени 108 шишиња во кои имало разни количини на масло од канабис и шест кеси со цвет а неофицијално станува збор за количина од над 50 литри чија вредност е меѓу 30 и 40 илјади евра за литар.

Од Обвинителството со стандардна информација, отворена е предистрага и земени се снимките од камерите за видео надзор без да се прецизира дали снимале и што снимиле.

Надлежниот јавен обвинител веднаш по приемот на известувањето ги издаде сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител на кривично дело. Наредбите вклучуваат и прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот. Предметот е во предистражна постапка во рамките на која се преземаат сите дејствија за утврдување на фактите и откривање на сторителите, велат од обвинителството.

Првата кражба во „5 летерс“ се случи во декември 2020 година кога три лица вработени во фирмата изнесоа 60 килогрмаи канабис за да го продадат на црниот пазар. По нивното приведување контролата утреди дека  таму се чуваат и неколку стотини килограми непријавен канабис кој многу веројатно исто така требало да заврши на црниот пазар. Обвинителството, во јуни минатата година поднесе обвинение порив три лица, македонски, косовки и албански државјанин но судски епилог засега нема.

Магацините на фимирте за производство на медицински канабис досега неколку пати беа мета на кражби како од луѓе вработени во компаниите така и од лица од надвор а однесени се над 4 тони канабис со исклучително висок квалитет чија цена на црниот пазар се движи меѓу 3 и 4 илјади евра за килограм.

Огнен Чанчаревиќ